150
Оставките на министерот и заменик министерот за здравство се доставени до премиерот и се архивирани. Содржината не отстапува од она што јавно двајцата го споделија, кажа денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на прашањето во врска со тоа зошто во тајност се чуваат оставките на двајцата министри.
Тој уште еднаш напомена дека премиерот одлуката за нивната оставка ќе ја донесе во зависност од резултатите од истрагата и причините за предизвиканиот пожар во Тетово.