Влада: „Отворен Балкан“ е насочен кон забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан

од Nikola Popovski
111 прегледи

Отворен Балкан е регионална иницијатива создадена од Северна Македонија, Србија и Албанија која е посветена на обезбедување услови за практикување на четирите европски слободи за што е можно повеќе граѓани и компании на Балканот, појаснија попладнево од Владата.

Од таму истакнуваат дека „Отворен Балкан“ е засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

-Се поврзуваме за развој на нашите економии, за заеднички регионален и единствен пазар без ограничувања, без бариери, без граници и за негов долгорочен развој кој ќе донесе подобар живот за сите граѓани. Од политички аспект, Отворен Балкан е насочен кон забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и кон придонесување за секоја од земјите што поскоро да стане членка на Европската Унија, велат меѓу другото од Владата , при што додаваат дека Отворен Балкан е иницијатива што е целосно поддржана од претставниците на Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

Слични содржини