Влада: Со законот ќе се спречи урбаното дивеење

од Берта Китинска
278 прегледи

Погрешни се тезите дека „сè и сешто ќе се легализира”. За да се легализира, на пример во заштитено подрачје, треба согласност да се добие од надлежен орган, министерство или друга институција, ако не го загрозуваат тоа подрачје. Така што невозможно да се легализира секој објект во тие делови, велат од Владата и додаваат дека во законот точно е прецизирано каде и кои објекти ќе може да бидат легализирани.

Законот е усогласен и со опозицијата, при што неколку амандмани се прифатени и инкорпорирани во него. Со законот, информираа портпаролите, го спречуваме урбаното дивеење со тоа што  ја зголемуваме цената за легализација за плус 50 проценти од редовните комуналии со што се одвраќаат сите оние од намерата да градат нелегално.

Има многу државни објекти кои од разни причини не се запишани во Катастар. Со овој закон тоа се овозможува, оценија портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на редовната прес-конференција .

Слични содржини