Владата на Република Северна Македонија на денешната 37. седница, jа разгледа и усвои Информацијата и ја донесе Одлуката за давање согласност на Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање.
Со Тарифникот се уредува надоместокот односно тарифите за извршените работи од урбанистичкото планирање при изработка на урбанистички планови, кој е наменет за подготовка на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти, од локално и од државно значење.