Влада: Вакцинација на деца исклучиво во присуство на родител или старател

од Берта Китинска
232 прегледи

Вакцинација на малолетните лица ќе се одвива со задолжително присуство на родител или старател, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

-Вакцини за КОВИД -19 ќе има во доволна количина, и нема да има приоретизирање според возраста, хронични заболувања или критична структура.Секако дека е според тоа што го има како Комитетот за имунизација којшто ќе ги следи и понатаму сите препораки од СЗО и ќе се води од овие препораки како и досега. Во однос на дозите 10 илјади дози од оваа педијатриска вакцина од „Фајзер“ се иницијална количина што не значи дека ако има интерес нема да се набават дополнителни дози. Вакцинацијата е важно да се укаже дека се одвива без закажан термин. Значи, единствен услов за вакцинација на малолетните лица е задолжително да дојдат со родител или со старател и важно е граѓаните да знаат дека и со оваа одлука вакцини за КОВИД -19 ќе има во доволна количина, дека нема приоретизирање според возраста, хронични заболувања или критична структура, рече портпаролот Арсовски.