Владата донесе одлука за да ја приватизира пошта.
На 11-та седница на Владата го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, којшто, согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија ќе биде доставен на усвојување.
Во врска со оваа точка, Владата ги задолжи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат поодготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ.
Заклучно со 31 декември 2018 година, АД „Пошта“ има загуба од 10 милиони евра, но и покрај тоа било платено менаџерско осигурување преку осигурителна компанија вредно 45 илјади евра, соопштија од Државниот завод за ревизија.
Според извештајот, за 7 директори во АД „Пошта“, кои истовремено го сочинуваат и Управниот одбор и Надзорниот одбор, платено е менаџерско осигурување за период од 1.04.2018 до 1.04.2019 година во вкупен износ од 2.760.000 денари, или околу 45.000 евра.
„Со полисите за осигурување, при настанување на осигурителни случаи, се предвидени исплати на оштета на осигурените лица. Во услови да не настанат договорените случаи на осигурани настани, платениот износ на премијата на осигурување, во процент од 89,5, се исплатува на сметка на осигурениците, наместо на сметка на поштата која извршила плаќање на премијата на осигурување“, пишува во ревизоркиот извештај.