Владата ќе реагира и врз цените на овошјето и зеленчукот доколку има потреба. Ова денеска го истакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во изјава за медиумите.
-Ги следиме сите движења на пазарот. Тоа што се случува е јасно – со завршување на грејната сезона и цената на берза, цените за скоро сите прехранбени производи почнаа да паѓаат. Очигледно справувањето со економската криза и со храната, беше успешна операција и веќе резултатите се даваат. Тоа ќе значи дека и кај нас трговците ќе треба да ги следат сите текови. Ако основните суровини паѓаат, не можат цените да останат исти. Ние како што ги преземавме мерките за основните производи, ќе ги следиме и другите продукти. Сами ако не реагираат, порака од Владата е јасна – граѓаните нема да бидат сами, рече Битиќи.
Според него нема да има санкции, затоа што, како што вели, замрзнувањето на цената е доволна непазарна мерка.