Владата ја ограничи цената на пелетите на 27.000 денари за тон

од Nikola Popovski
252 прегледи

Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27.000 денари за тон, информира денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

-Во делот на пелетите Министерството за економија се обратило до Министерството за земјоделство и Македонски шуми. Согласно нивните анализи и предлози е донесена таа одлука. Јас само ви ги анализите каде Министерството за економија има пристап до информациите. Во анализите за октомври просечната увозна цена за тон пелети е 22.940 денари, а цената која ја замрзнавме е 27.000 илјади денари по тон, рече Бектеши на денешната средба со новинарите.

Во замрзнатата цена, како што рече, се предвидени трошоците за ДДВ и транспорт, како и одредена маржа за трговците.

Слични содржини