Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека ќе се плати долгот за електрична енергија кон ЕВН на одредени државни и јавни институции како Клиничкиот центар, судовите, затворите.
-Долгот ќе се плати. Тоа се буџетски организации кои што заради зголемената цена на струјата, која е десет пати зголемена. Владата направи прераспределба на финансиски средства и доставени до Собранието со цел да се овозможи непречено функционирање на овие институции, рече кратко премиерот како одговор на новинарско прашање.
Вкупниот долг на државните и јавни институции за струја е над 40 милиони евра. Поради тоа се најавуваше дека без струја можат да останат затворите, судовите, Зоолошката градина, факултетите и други институции. На листата на должници се и Клиничкиот центар и Железница.
ЕВН има даде рок до 15 овој месец да го платат долгот.