Државата денеска на домашниот пазар се задолжи со нови 13,38 милиони евра. Претходно МФ објави дека бара само 3,6 милиони евра. Владата при аукцијата за тримесечни записи доби 1,95 милиони евра, додека на едногодишните записи доби 11,43 милиони евра. Парите од тримесечните записи достасуваат за наплата во мај годинава и се со камата од 1,60 отсто, а едногодишните достасуваат за враќање во февруари идната година и се со каматна стапка од 2,60 отсто.

pari

Поранешниот гувернер на Народната банка на Република Македонија, Петар Гошев за РСЕ вели дека тврдењето на Владата дека долгот од над 40 отсто од Бруто домашниот производ (БДП) е меѓу најниските во Европа, или е манипулација или, пак, незнаење оти степенот на задолженост не е еднакво опасен за секоја земја.

Petar-Gosev-650x320 (1)

„Затоа што во историјата имаме повеќе земји коишто банкротирале на многу пониско ниво на јавен долг од овој што го има Република Македонија. Значи тоа зависи од вкупната структура на економијата, од вкупниот платежен капацитет на една земја. Србија на пример, влезе во проблеми кога имаше долг од околу 55 до 60 проценти од БДП.

Ново задолжување од 3,6 милиони евра кај домашните кредитори

И таа не можеше да го сервисира без да склучи договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Тој сега е поголем, достигна до 80 проценти од БДП, но тоа го прават со рестрикции и со поддршка на ММФ. Тие почнаа да ги намалуваат пензиите, ги намалија платите во јавниот сектор, па прават програми за отпуштање на вработени од јавниот сектор за рационализации. Така што Македонија забрзано се движи во таква ситуација“, вели Гошев.

Слични содржини