Владата да ги зголеми државните резерви на нафта, бара Филипче

Преседателот на СДСМ на прес конференција порача дека Владата, освен намалување на ДДВ и акцизите за храната и горивата, треба да ги преполови и патарините, за да им помогне на граѓаните и компаниите

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Фејсбук/Венко Филипче

Владата сериозно да ги разгледа опциите за зголемување на државните резерви на нафта, порача на вчерашната прес конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче. Тој рече дека апелира до Владата сериозно да ја разгледа моноста за зголемување на државните резерви на навта, за да не се случи да нема, а на тоа укажуваат светски експерти.

-Нашата влада седи и чека. Мицкоски се фали дека странски граѓани точеле гориво кај нас во ситуација кога ЕУ комесарот за енергија Јоргенсен најавува енергетски шок и можаен недостаток на гориво насекаде во ЕУ. Владата да се свести, а премиерот да живее во реалноста и да престане дилетантски да ја води Владата. Да се помисли како живеат граѓаните и да ги прифати нашите предлог мерки, сега иако е доцна ќе има колку толку некакоф ефект. Да ги прифатеше пред неколку недели немаше да има вакви ценовни шокови за граѓаните, изјави Филипче и додаде дека освен мерките за намалување на ДДВ и акцизите за храна и гориво, да ги преполоват и патареините.

Тој рече дека Владата допрва ги разгледува мерките, што оваа партија ги предлоила и дека иако е доцна сепак ќе имаат некаков ефект, бидејќи и утре да заврши војната на Блискиот исток, кризата нема да заврши.

Според податоците од организацијата за храна на Обединетите нации ФАО, додаде Филипче, цените на храната втор месец по ред растат и тоа во сите категории.