408
Министрите во Владата на денешната седница донесоа одлука за давање согласност за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на две фотонапонски електроцентрали на местото на некогашната ТЕЦ Осломеј.
Според физибилити студија за две фотоволтаични електроцентрали со инсталирана моќност од минимум 40 MW секоја, инвестицијата на Електрани на Северна Македонија како свој дел во ЈПП, ќе се врати за една до две години.