221
Денес Владата на С.Македонија ќе ја оддржи својата редовна 41. седница, на која предвидени се да се разгледаат повеќе точки, а меѓу нив и Програмата за работа за 2021. година на Агенцијата за енергетика.
На оваа седница ќе се најдат и Предлог-програмата за поддршка и промоција на туризмот во 2021. година, како и програмата за работата на АППТ за оваа календарска година.
На предлог на Министерството за финансии на денешната седница ќе се расправа и за информацијата за Програмата на економски реформи 2021-2023 година.
Министрите на оваа седница ќе се произнесат и за Годишниот финансиски план на Агенцијата за планирање на просторот во 2021 година.