191
На денешната владина седница ќе бидат разгледани сите предлози на Комисијата за заразни болести и Главниот штаб.
Имено, новиот пакет мерки неофицијално ќе важат во периодот од 18. декември до 21. јануари, односно за време на претстојните празници каде би се спречило ширење на Ковид 19.
Дел од овие мерки ќе биде скратено работно време на угостителските објекти до 18 часот и забрана за групирање дома и на отворено.
Премиерот, Зоран Заев вчера потврди дека Владата ќе ги разгледа предлозите на Комисијата за заразни болести и се очекува нивно прифаќање.