Владата денеска планира да не задолжи за нови 4 милиони евра

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Владата најави ново задолжување, утре, на домашен терен, по основ на продажба на државни хартии од вредност планира да обезбеди скоро 4 милиони евра, пренесува 24 Вести.

евра

На денешната закажана акуција ќе се продаваат записи со рок на доспевање од десет и петнаесет години.

Внатрешниот долг на државата изнесува 1,2 милијарди евра и неговата структура во последните три и пол години значајно се промени поради тоа што почнаа да се зголемуваат долгорочните задолжувања.

Меѓу најголемите кредитори на Владата, освен банките и осигурителните компании, се и граѓаните преку пензиските фондови. Вкупниот јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра и тој е во постојан пораст во изминатите години.