Владата ги намалува парите за студентскиот стандард за 7,3 милиони евра, обвинија од подмладокот на СДСМ

Кузмановска од СДММ: „Во најголемиот буџет во историјата власта нема пари за студентите“

од Nikola Popovski
11 прегледи

Подмладокот на СДСМ денеска соопшти дека во буџетот за 2026 година, Владата ги намалува парите за студентскиот стандард за 7,3 милиони евра. Според Стефанија Кузмановска од СДММ, ова значи помалку пари за стипендии, помалку пари за студентски оброци, за студентските домови.

-Во најголемиот буџет во историјата власта нема пари за студентите! Наместо да вложуваат во младите, Владата на Мицкоски им ги крати парите, им ги одзема можностите. Како намерно да сака да ги избрка од државата.

Не може да има пари за манго, папаја и гоштевање на владините функцонери а да нема за младите. Студентите не се бројка во табела, тие се иднината на државата. А со вакви погрешни политики иселувањето на младите не само што ќе продолжи туку ќе се засили, рече Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ.

Кузмановска бара власта веднаш да се откаже од овие, како што вели, катастрофлани политики и да го зголеми буџетот за студетски стандард.