Владата на денешната седница донесе одлука за распоредување на приходите од игри на среќа и од забавните игри во 2023 година, за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Со оваа одлука се распоредуваат средства во износ од 69.000.000,00 денари од приходите од игри на среќа и забавни игри за 2023 година за финансирање на годишните програми на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, за: финансирање на програмските активности на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија; финансирање на програмските активности на Национален сојуз на слепите на Република Северна Македонија; финансирање на програмските активности на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија; за финансирање на програмските активности на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија; финансирање на програмските активности на Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака, во износ од 9.710.000,00 денари; финансирање на програмските активности на Националниот Сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија; финансирање на програмските активности на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија – Македонски параолимписки комитет; финансирање на програмските активности на Националниот Сојуз на инвалиди на трудот на Република Северна Македонија,
За финансирање на програмските активности на здруженија за борба против семејното насилство е определен износ од 4.000.000,00 денари, за: Здружение Кризен центар Надеж; Организација на жени на Град Скопје; Национален совет за родова рамноправност.
За финансирање на Годишната програма на Црвениот Крст на Република Северна Македонија е предвиден износ од 8.000.000,00 денари, како и средства за обезбедување на трошоци за проектни активности кои не се покриени од страна на донатори во висина од 6.000.000,00 денари и средства во висина од 2.000.000,00 денари за реализација на Проект за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст 2023 година.
Одлуката ќе ја спроведе Министерството за труд и социјална политика, согласно месечен план за исплата на овие средства.