Владата ги задолжи државните институции да ја користат универзалната услуга на АД Пошта

од Nikola Popovski
308 прегледи

Задолжение до сите државни институции да ја користат универзалната услуга на АД Пошти, одлучи Владата на денешната седница.

Владата, согласно донесената измена за Законот за поштенски услуги во врска со одлагањето на либерализацијата на поштенските услуги до 31.12.2023 година, а со цел подобрување на финансиското работење на АД Пошта на Република Северна Македонија, ги задолжи сите државни институции да ја користат универзалната поштенска услуга на АД Пошта на Република Северна Македонија, согласно измените на Законот, а им препорача и на сите општини и Град Скопје да ги користат услугите на АД Пошта на Република Северна Македонија.

Слични содржини