Владата ги замрзна цените на јајцата од кокошка и оризот

од Nikola Popovski
322 прегледи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска информираше дека донеле одлука за замрзнување на цената на јајцата од кокошка и оризот. Ова значи дека се замрзнуваат по цени од 15-ти март.

-Трговците кои се регистрирани за вршење на дејност, имаат обврска редовно да прибавуваат и продаваат јајца во количини кои се прибавувале во јануари и февруари. Во пресрет на празниците, со цел да се спречи дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка, производителите најмалку 70% од домашното производство ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат количината од јануари и февруари, рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Според него, ова е продолжение на сетот мерки, со кои беа намалени цените на лебот, тестенините и млечните производи.

Министерот за економија, Крешник Бектеши информираше дека просечната цена на јајце е околу 8,5 денари, а најскапото до 9,8 денари.

-Многу е важно да се наведе фактот дека е зголемена побарувачката за производство на јајца од нашата држава.  Ако се дозволи извозот, повеќето заради економски интерес ќе можат да го пренасочат целото производство во соседството. Затоа е одлуката на Владата за најмалку 70% од производството на домашниот пазар, рече Бектеши и додаде дека ќе информираат за просечната цена која била на 15-ти март.

Слични содржини