Владата го разреши Стојко Пауновски

од Andreja Salpe

Владата денеска на седница донесе одлука да се разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, дознаваме од наши извори.

По средбата на премиерот Зоран Заев со инспекторите кои покренаа петиција против разрешувањето на Пауновски, одлуката е сепак донесена да Пауновски биде разрешен од функцијата поради, како што кажа Заев „пркосот“ и непочитуваањето на хиерархијата.

Одлуката за разрешување доаѓа откако Пауновски не прифати да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во Инспекторатот, а со тоа не го испочитувал законот за трансфер на вработените според програмата К-5.

Рече дека не му требаат административци, туку инспектори кои ќе работат на терен во источниот дел на земјата.  Беше категоричен дека само 12 од рамковните вработени се квалификувани, а другите нема каде да ги смести. Беше дециден дека нема да стави потпис на решенија, и по цена да биде разрешен.

Слични содржини