Владата на седница го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на дизел горивото кое се користи како погонско гориво и на екстра лесното масло за домаќинство што се користи како гориво за греење, за три денари.

Како што претходно беше соопштено зголемување на акцизата се предлага од 1 јануари 2018 година, а очекуваниот ефект во буџетот за наредната година е 1,6 милијарди денари.

Зголемувањето  на  акцизата  на  нафта  Владата  го  предлага  како  соодветна  измена  на  даночната  регулатива.  Притоа,  ефектите  од  оваа мерка  се  зголемување  на  буџетските  приходи, усогласување  со  европските  стандарди  и  регулативите  на  Европската Унија, како  и  заштита  на  животната  средина,  односно намалување  на загадувањето.

Ефектот  од  зголемување  на  акцизата  на нафтата соодветно е изразен и во очекувано зголемување на приходите од ДДВ за околу 350 милиони денари, што е проектирано во Прелог-буџетот за 2018 година

Слични содржини