Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на состанокот со претставници на Владата, кој започна во 14 часот, најдоа заедничко решение за усогласување на платите на вработените во образование.
– По 3 часа преговори со министерот за образование, со министерката за труд и социјална политика и премиерот, а и ние бевме појачани со извршени силни анализи доставени до ресорни министерства, а бевме појачани и со нашиот претставник од Европската конфедерација на слободни синдикати сепак се усогласивме со ставовите и во рамки на можноста во зголемување на плати во градинки и училишта најдоцна од месец јули со процесуирање на сретствата. Се работи за 12 %.на сегашни плати со додатоци кои следуваат со закон и колективен договор, изјави Неделков.
Неделков додаде дека биле отворени и други прашања.
– Изработка на колективни договори за приправници во детска заштита, за регрес за годишен одмор, патни трошоци во средни и основно образование, се на се прашања кои заслижуваат внимание, додаде тој.
Учениците евентуално во училишните клупи би се вратиле во среда. Додека пак, за утре е планирана средба во СОНК со цел да се донесе одлука за официјално завршување на штрајкот.
Во однос на изгубените часови и дали ќе има одлужување на државната матура, Неделков кажа дека овие работи би биле објаснети, по завршувањето на утрешниот состанок.