Владата и СОНК ги усогласија ставовите за зголемување на платите во образованието

од Маја Анчевска

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков  на состанокот со претставници на Владата, кој започна во 14 часот, најдоа заедничко решение за усогласување на платите на вработените во образование.

– По 3 часа преговори со министерот за образование, со министерката за труд и социјална политика и премиерот, а и ние бевме појачани со извршени силни анализи доставени до ресорни министерства, а бевме појачани и со нашиот претставник од Европската конфедерација на слободни синдикати сепак се усогласивме со ставовите и во рамки  на можноста во зголемување на плати во градинки и училишта најдоцна од месец јули со процесуирање на сретствата. Се работи  за 12 %.на сегашни плати со додатоци кои следуваат со закон и колективен договор, изјави Неделков.

Неделков додаде дека биле отворени и други прашања.

– Изработка на колективни договори за приправници во детска заштита, за регрес за годишен одмор, патни трошоци во средни и основно образование, се на се прашања кои заслижуваат внимание, додаде тој.

Учениците евентуално во училишните клупи би се вратиле во среда. Додека пак, за утре е планирана средба во СОНК со цел да се донесе одлука за официјално завршување на штрајкот.

Во однос на изгубените часови и дали ќе има одлужување на државната матура, Неделков кажа дека овие работи би биле објаснети, по завршувањето на утрешниот состанок.

 

 

Слични содржини