Владата исплати 1,7 милиони евра на работниците во „Еурокомпозит“

од Nikola Popovski
306 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи информира дека денеска биле исплатени 1,7 милиони евра од страна на Владата, кон фондот на ПИОМ, на сметка на Еурокомпозит АД Прилеп.

-Со ова решаваме горчлив проблем за вработените во Еурокомпозит. Од сега па натаму, секој поранешен вработен чие право беше ускратено, ќе има право на остварување на своето право на пензија, а оние кои го имаа остварено правото на пензија во периодот од јули 2012 до септември 2019 ќе добијат повисоки пензии.

Пред неколку месеци, кога бев во Прилеп на средба со вработените во Еурокомпозит им ветив дека оваа неправда ќе биде исправена и дека заслужено и достоинствено ќе можат да ги поминат своите пензионерски денови. Денеска тоа го остваривме!, објави Битиќи.

Слични содржини