Владата ја констатира оставката на Фатон Ахмети, за в.д. директор на ФЗО именуван Асаф Абдурамани

од Stefanija Kuzmanovska
381 прегледи

Владата на денешната седница ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, соопштија од владината прес-служба.

Претходно, Ахмети на својата страница на Фејсбук информираше дека си поднел оставка.

„Ве известувам дека денеска поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на оваа функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во реализација на визијата на Али Ахмети“, напиша Ахмети.

Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување.

Слични содржини