Владата ја презентираше Нацрт реформската агенда за периодот 2024 – 2027 година

од Илинка Илиоска
75 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани на заедничка прес – конеференција во медиа центарот на Владата денес ја презентираа Нацрт реформската агенда за периодот 2024 – 2027.

„Владата е целосно посветена на реализација на нашата стратешка цел за интеграција во Европската Унија. Нашата визија за модерна и економски стабилна Македонија е заснована на принципите на инклузивност, владеење на правото и економски развој,“ изјави Мицкоски, нагласувајќи дека ова е „историска можност за забрзан економски развој и интеграција во рамките на Европската Унија.“

Според премиерот, Реформската агенда се темели на четири основни столбови: зајакнување на економската интеграција со Европската Унија, продлабочување на регионалната економска интеграција, забрзување на фундаменталните реформи, и зголемување на финансиската помош за реформите.

„Според формулата, за нас треба да припаднат 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи,“ додаде Мицкоски.

Министерот за европски прашања, Артан Муртезани, дополнително истакна дека Реформската агенда е резултат на тесна соработка со Европската комисија, а средствата од 750 милиони евра ќе бидат распределени како 250 милиони евра грантови и 500 милиони евра заем со исклучително поволни услови. Муртезани потенцираше дека средствата ќе бидат искористени за „зајакнување на јавната внатрешна финансиска контрола, декарбонизација, развој на човечкиот капитал и подобрување на деловното опкружување.“

Слични содржини