Владата ја укина царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака

од Nikola Popovski
224 прегледи

На денешната редовна седница, со цел да се намали растот на цените, Владата денеска донесе Одлука за времено укинување, (до 31.12.2022 година), на царинската стапка од 20 проценти за млеко и павлака, некoнцентрирани и без дoдаден шеќер или други материи за засладување со содржина на маснотија по маса што надминува 21 проценти, но не надминува 45 % и царинската стапка од 15% за млеко и павлака, неконцентрирани и без додаден шеќер со содржина на маснотија по маса што надминува 10%, но не надминува 45% во амбалажа, чија нето маса не надминува 2,5 кг.

Увозот на овие тарифни ознаки од земјите на ЦЕФТА е без царина, а од земјите-членки на Европската Унија се врши со царинска стапка од 5%.