Владата јавно го објави предлогот на француското претседателство

од Nikola Popovski
260 прегледи

Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб-страница интегрално го објави предлогот на француското претседателство со ЕУ.

Како што истакнуваат од Владата, тој може да се преземе на следните линкови:

ПРЕГОВАРАЧКА РАМКА

ЗАКЛУЧОЦИ НА СОВЕТОТ НА ЕУ

ЗАЕДНИЧКА ПОЗИЦИЈА НА ЕУ ЗА ПРВАТА МЕЃУВЛАДИНА КОНФЕРЕНЦИЈА

-Предлогот во кој се вградени забелешките на Валадата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со членовите на владината коалиција.

Во текот на денот и во следните денови, Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата, стои во објавата.

Слични содржини