Владата ќе донесе одлука наредната седница: Учениците и натаму со маски на час

од Берта Китинска
237 прегледи

Се очекува Владата на наредната седница да донесе одлука за препораките во однос на ковид мерките што ги предложи Комисијата за заразни болести на последниот состанок, најави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа.

-Сите предлози и препораките на Комисијата за заразни болести ќе се разгледаат на наредниот состанок на Централниот координативен штаб за кој се очекува да заседава деновиве. Потоа записникот од Штабот треба да биде усвоен на наредната владина седница. Очекуваме на наредната владина седница да биде усвоен записникот од Централниот координативен штаб, односно дали ќе се прифатат или не сите препораки на Комисијата за заразни болести, рече Хоџа во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.