Владата ќе посредува во изнаоѓање решение во проблемот со пожарникарите

од Берта Китинска
175 прегледи

На седницата на Влада во септември е прифатен акцискиот план за воспоставување на принципот за воспоставување на национална децентрализација во против пожарната заштита со воведување на блок-дотација за секоја општина

– Проблемот со пожарникарите се провлекува повеќе од 15 години и беше игнорирано, а на иницијатива на Министерството за одбрана почна да се решава, а тоа е зголемувањето на средствата кои од буџетот на Одбрана беа префрлени на општините во 2020, вкупно 51 милион денари повеќе од минатата година – рече портпаролот на Влада, Душко Арсовски.

Тој додаде дека Град Скопје овие денови има интензивен контакт со пожарникарите, како и дека е тука Владата на некој начин да посредува и да се изнајде што поскоро решение за овој проблем.

Пожарникарите најавија дека секојдневно ќе  протестираат и дека нема да се откажат од своите барања град Скопје да им го исплаќа надоместокот за опасност при работа, наместо правда да бараат на суд.

 

Слични содржини