Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи синоќа најави дека ќе предложат измена на Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе се ослободи дел од средствата за антикризни мерки за најранливите катерогии.
– Добивме задолжение од владата за формирање на работна група за законот за платите на функционерите од неколку министри која треба да работат на нов закон за избрани и именувани лица за да направиме поправедно решение и ослободиме дел од сретствата. Тоа е клучно во одредени временски периоди кога треба да покажемме солодарност. Ќе ослободиме сретства зошто решението нема да се донесе за еден месец, туку во временски период кога сретствата планирани за плати ќе бидат планирани за антикризни мерки, рече Битиќи во емисијата „24 анализа“.
Вицепремиерот додаде дека тој е горд што е дел од оваа Влада која покажува дека поинку ги сфаќа ранливите категории и создава мерки таргетирани за нив.
Според Битиќи, со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки тежок околу 70 милиони евра.
Платите на функционерите се пресметуваат така што основицата се множи по одреден коефициент во зависност од функцијата. Законот за плати на функционери предвидува основицата да биде просечната плата од претходната година, но со години беше замрзната на пониско ниво. Судот на 21 март одлучи да го укине замрзнувањето, по што платите значително се зголемија.