Владата ќе ги покрие трошоците за превоз и сместување за семејствата на пациентите повредени во Кочани, кои се лекуваат во странство

од Milan1
25 прегледи

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска соопшти дека трошоците за превоз и сместување за семејствата на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, кои во моментов се лекуваат во странство, се целосно покриени од Владата на Република Македонија, преку Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Воедно, од Министерството, ги повикуваате семејствата на пациентите кои имаат потреба од превоз или сместување да се обратат на телефонскиот број 070-270-370.

-Дополнително, сите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за обезбедување потребната логистичка поддршка во земјите каде што се лекуваат пациентите. Контакт-листата со телефонски броеви е објавена на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а на располагање се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736, се наведува во соопштението.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Оперативниот штаб формиран за оваа намена, е во постојана комуникација со сите надлежни институции, вклучително и со дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство.

-Солидарноста и одговорноста се клучни во вакви моменти, затоа апелираме до граѓаните да се воздржат од споделување непроверени информации, со цел да се спречи понатамошно ширење на дезинформации, се наведува во соопштението.

Слични содржини