Владата ќе ги штити „укажувачите“ на криминал, дали и за „Пуч“ ?

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Една од конкретните препораки од Европската комисија по извештајот на Рајнхард Прибе е Македонија да воспостави опсежен механизам за заштита на „свиркачите“ или „укажувачите“!

свиркачи

Прашањето за т.н. „свиркачи“ или според усвоениот термин во Македонија – „укажувачи“ – луѓе кои решиле да проговорат за криминал, корупција или друго незаконско постапување во средината во која работат или живеат, е тема на  новото издание на „360 степени“  Се ова станува актуелно по обелоденувањето на аферата со прислушувањето и особено по обвинението и судскиот процес за луѓето кои решија на виделина да изнесат сомневања за незаконско постапување на првенци од власта. Една од конкретните препораки од Европската комисија по извештајот на Рајнхард Прибе е Македонија да воспостави опсежен механизам за заштита на „свиркачите“ или „укажувачите“. Дилемата, меѓу другите, за кои се зборуваше во ова издание на „360 степени“  е – дали ако веќе постоеше таков механизам, како што постои во многу демократски земји, воопшто ќе постоеше судски случај „Пуч“ или, спротивно, тие луѓе ќе беа заштитени од државата како „укажувачи“. Гости беа  Слаѓа Тасева од Транспаренси интернешнл Македонија, која раководи проект токму за „укажувачи“ и Иџет Мемети, народен правобранител на РМ

АлсатМ