Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе се спојат и ќе функционираат како една агенција, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е планот на новата Влада за разузнавачките служби.
– Да, точно, планот и тоа е дел од Програмата за работа на оваа Влада. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност да се спојат и да се фузионираат во една агенција и тоа можам да кажам дека ќе биде процес којшто ќе трае неколку месеци. Очекувам да заврши успешно во Парламентот, изјави Мицкоски.
Ваков тип на спојување на служби имаат направено многу држави што се земји – членки на НАТО. Меѓу нив, како што појасни Мицкоски, во соседството се Република Словенија на крајот на деведесеттите години, потоа Република Хрватска на почетокот од овој милениум.
-Тоа е дел од Програмата на Владата и тоа ќе го направиме во месеците коишто следат, рече премиерот кој беше во Бутел на ставање на камен темелник на нова градинка.