Владата лансира план за обуки и вработување во угостителство, градежништво и производство

од Марта Пешевска
52 прегледи

Министерката Весна Јаневска го претстави Оперативниот план за вработување во 2025 година, кој се фокусира на обуки за бараните занимања во угостителство, градежништво и производство. Планирано е 600 невработени да добијат тримесечни обуки со финансиска поддршка, а обучувачите ќе бидат верифицирани и платени по обучено лице.

Заменик-министерот Ѓоко Велковски нагласи дека планот ќе помогне младите да останат во Македонија и да формираат семејства, што ќе придонесе за подобрување на демографската состојба.

Директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули, информира дека целта е да се вработат до 4.000 лица, со посебен акцент на млади, жени и Роми, а ќе се поддржи и самовработување преку грантови. Спроведувањето ќе биде транспарентно и организирано.

Слични содржини