Владата му префрли 120 милиони денари на ЈСП за да продолжи бесплатниот превоз за студентите

од Nikola Popovski
40 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека продолжува мерката бесплатен превоз за студентите. На денешната прес-конференција, тој појасни дека Владата одлучила да му префрли 120 милиони денари на ЈСП Скопје за да може мерката да продолжи да се реализира и во 2025 година.

Според премиерот, претходната Влада три години не обезбедувала средства за оваа намена и немала донесена ваква одлука.

Пред десетина дена, универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ испрати апел до Владата, Град Скопје, Министерството на Град Скопје и ЈСП Скопје да се произнесат јавно дали се предвидени средства и дали јавниот градски превоз за студентите ќе биде бесплатен. Според Александар Николоски, претседател на студентското собрание, билетите не се продолжувале на билетарниците на ЈСП за 2025 година, а од друга страна, МОН вели дека се предвидени средства.

Николоски тогаш рече дека ќе чекаат одговор од институциите и доколку тоа не се случи, студентите ќе преземат соодветни мерки со кои ќе го искаже својот став дали е смешно студентите да немаат бесплатен превоз, доколку што таа веќе е обезбедена 10 години од страна на Владата.

Редовните студенти од 2016 година имаа можност бесплатно да се возат секој ден во сите градски и приградски линии. На нив им беа доделени картички од ЈСП кои важеа на годишно ниво, а секој декември ја продолжуваа за наредната година.

Слични содржини