Владата на С.Македонија денес ќе ја оддржи својата 47. седница

252 прегледи

Во рамки на денешната 47. седница на Владата на С.Македонија, ќе се најдат предлог-програмата за рамномерен регионален развој со која се уредува распределбата на средствата за оваа намена утврдени со годишниот Буџет.

Пред министрите е и Информацијата за Проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективната социоекономска интеграција на (Ромите) повратници од Западен Балкан“. Целта на Проектот е унапредување на капацитетот на западнобалканските земји на централно и локално ниво за спроведување сеопфатни модели за реинтеграција на повратниците и предвидува поопширна агенда за социјална инклузија и надминување на изворните причини и фактори за миграција на Ромите и ранливите популации.

Како што соопшти владината прес-служба, седницата ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, а предвидено е да почне во 12:00 часот. За донесените одлуки и заклучоци јавноста ќе биде известена преку соопштение.

Слични содржини