Владата направи корекција на „замрзнатите“ цени на овошјето и зеленчукот

од Nikola Popovski
276 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши информираше дека Владата направила корекција во делот на „замрзнатите“ цени на овошјето и зеленчукот.

-После разговорите со увозниците и Стопанската комора, договоривме одредено зголемување на цените затоа што во последната недела се забележува зголемување на увозните цени во нашата царина и тоа од над 30% на одредени проиизводи, како доматите, краставиците, кромидот и гравот, рече Бектеши на брифинг со новинарите.

Тој додаде дека ова се пологични фактури од тоа што беше претходно.

-Зголемување ќе има кај доматите и ќе биде 95 денари највисоката цена, истата ќе важи и за краставиците, а кај кромидот ќе се зголеми за 10 денари. Забележуваме на пазарот намалување на цените кај јужното овошје. Граѓаните да бидат спокојни, кажа Бектеши.

Тој посочи дека цената на пиперките ќе остане 100 денари за килограм.

-Мерката ќе трае цел месец и доколку забележиме поевтинување на цените на фактурите во текот на времето, ние ќе интеревенираме со поевтинување, рече министерот.

Слични содржини