Владата настојува минималната плата до 2024 да биде 20.000 денари

од Nikola Popovski
608 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска информира дека заложбата на Владата во моментов е покачување до 18.000 денари, а до крајот на мандатот 2024 година, минималната плата да се искачи до 20.000 денари.

-Како Влада и министерство го цениме трудот на работниците и ги прифаќаме нивните барања за минимална плата од 18.000 денари во моментов. Сепак, ја гледаме и состојбата во која се наоѓа моментално државата и затоа нашата интенција е час поскоро и неминовно е да се зголеми минималната плата. Ова прашање ќе го отвориме на Економско-социјалниот совет, кој што го раководам јас како министерка на овој ресор. Дел од Советот ќе бидат и министрите за економија, финансии и економски прашања, претстаници на Коморите и работодавачите. Тогаш преку еден дијалог ќе дојдеме до најповолно решение, кое што ќе биде од корист и за работодавачите и за работниците, појасни Тренчевска во гостувањето на „Економски магазин“.

Слични содржини