Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска порача дека Владата не размислува за зголемување на старосната граница за зголемување.
-Кај нас е рано за дискусија. Треба да се работи повеќе бидејќи се менуваат работните места и структурата на економијата. Имаме многу сограѓани кои ќе мораат да се прилагодат на новите потреби на пазарот. Никој не е против нашите граѓани, ние креираме работни места, но мораме да станеме свесни дека навиките се менуваат. Никој пред 20 години можеше да замисли дека ќе има возило без возач во светот. Фактот дека веќе навлегуваме во таков сегмент, покажува дека мораме да бидеме поагилни, рече Битиќи во гостувањето во Канал77.
Вицепремиерот порача дека се гордее што во негов мандат ќе го имаме првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, во јавниот сектор.
-Тој ќе замени одредени процеси во јавниот сектор кои што сега луѓето ги прават, додаде Битиќи.