Владата нема да ги ограничува цените на производите, а просечната потрошувачка кошница надмина 1.000 евра

од Илинка Илиоска
64 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека Владата што тој ја предводи нема да интервенира во ограничувањето на цените на основните продукти за домаќинствата.

Цените во последните неколку недели драстично пораснаа, месото, млечните продукти, овошјето и зеленчукот стануваат се поскапи и се понедостапни за македонските граѓани.

Но, тоа не го вклучува алармот кај владата да интервенира во ублажување на ценовниот шок.

Премиерот Мицкоски смета дека претходните намалувања и ограничување на маржите и данокот, се мерки што не дале резултат.

„Ние сме пазарна економија, пазарот ги диктира цените. Ако влеземе во една политика на ограничување, тогаш видовте какви резултати ни даде таа политика-ни даде спротивни ефекти од тие што ги очекувавме. Затоа, политиката на оваа Влада е да поддржува инвестиции и затоа не е политиката на оваа Влада да одржува зголемена и вештачки набилдана јавна потрошувачка, затоа што парите на тој начин губат вредност и иста количина на пари по еден месец ја губи својата вредност и деноминира, би рекол за десетина проценти“ кажа вчера Мицкоски.

Дека животот во Македонија станува се поскап покажуваат и податоците на Сојузот на синдикати на Македонија Минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули се зголемиле за 629 денари, а според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари или нешто над 1.000 евра.

– Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни, соопштија тогаш од од ССМ.

Сѐ поскапо: Граѓаните купуваат на акција за да го преживеат месецот

Слични содржини