Владата нуди 10 % повисока плата, СОНК денеска ќе ги анализира владините ставови

од Берта Китинска
157 прегледи

Штрајкот продолжува, одговори на лидерот на СОНК, Јаким Неделков на владиното соопштение.

Тој вели дека за денекса е закажана седница на Советот на Синдикатот на која ќе биде анализиран ставот на Владата и ќе биде донесена одлука по него.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска смета дека денешниот предлог на Владата за понуда од 10% повисоки плати во образованието не е никаков притисок.

-Отпочнување на процесот на подготовка на нов колективен договор и нова методолија што ќе значи постојат раст во целиот јавен сектор. Како што растат цените на трошоците, така и секоја година ќе се зголемуваат платите. Ова е едно од најдобрите решенија понудени на СОНК, кое требаше да биде прифатено и досега. 18,4% е навистина премногу во вакви услови на економска, енергетска и ценовна криза е навистина премногу, рече Тренчевска во емисијата „24 анализа“.
Има и други начини да се покаже незадоволство.

Кога владата почна преговори за минимална плата, зеде предвид дека секое ресорно министерство има свој буџет. Затоа кажувам дека од страна на МОН и труд и социјална политика се побара разбирање на целата ситуација во која сите се наоѓаме. Доаѓаме и со три години покачување во секторот образование, вели министерот за образование Јетон Шаќири во емисијата „24 анализа“.

Според него, дали во процесот на два социјални партнери има разбирање.

-Во делот на дијалогот прифаќам разбирање да се имаше во делот на минимална плата, но одговорната влада во ова тешко време бараме да продолжиме со преговори. Сите сме за повисоки плати, уште од првиот контакт. Сме во фаза на преговори, но не бараме овие преговори да влијаат во образовниот процес. Има и други начини на покажување незадоволство. Во ова време ќе беше позитивно да се донесе друга одлука, рече Шаќири.