Владата за 45.000 граѓани од ранливи категории обезбеди ваучери по 1.000 денари месечно за покривање на трошоците за електрична енергија и греење, информира вечерва новиот мандатар и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Поранешниот заменик-министер за финансии потврди дека веќе е направен финансиски трансфер на енергетските компании оваа година, оставена е ставка во Буџетот за идната година, при што првиот удар на кризата е намалена стапката на ДДВ од 18 на 5 % за електрична енергија.
Тој нагласи дека цената не електричната енергија врз основа на инпутите добиени од страна на компаниите производители и дистрибутери на електрична енергија ја одредува Регулаторна комисија за енергетика, меѓутоа врз основа на сите мерки што беа преземени од страна на Министерството за финансии и Владата нема да се случи ценовен шок и нема да има рестрикции.