Владата одобри 300 илјади денари за семејството Зулбеари од Тетово Владата на денешната седница одобри еднократна парична помош од околу 5 илјади евра за семејството Зулбеари од Тетово, каде вчера во пожар животите ги изгубија мајка и четири малолетни деца.

„Поттикната од трагичниот настан во тетовската населба Поток, што длабоко ја потресе целата македонска јавност, Владата на Република
Македонијадонесе заклучок за доделување на еднократна парична помош. Покрај паричната помош во висина од 300 илјади денари за семејството Зулбеари, на седницата е договорено владина делегација да го посети семејството и непосредно да го изрази длабокото сочувство за оваа трагедија“, се вели во соопштението.
Инаку, вчера во стравичен пожар што ја зафати куќата на семејството Зулбераи од Тетово загинаа мајката Фатиме и четири деца, на возраст од 6 до 14 години.