Владата останува посветена на мерките на градење доверба со Грција

од desk4
74 прегледи

Владата на Република Македонија продолжува искрено да ги гради мерките на доверба со Република Грција со цел достоинствено да се придонесе кон решенија на отворените прашања во интерес на граѓаните на двете земји.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, како што се наведува во соопштението, кое е објавено вчера на неговата веб страница е уверено дека целиот регион и двете земји се на вистинскиот пат на доброседство, кој ќе резултира со исполнување на евроатланските интеграции на Македонија, како и стабилност и економски развој на целиот регион.

„За жал се уште се случуваат изолирани инциденти како денешниот во Солун,  предизвикани од поединци и групи кои се уште живеат во минатото и во политиките на конфронтација и национална изолираност, чии активности ги осудуваме како политики на омраза и нетрпение, се вели во вчерашното соопштението“, објавено на сајтот на МНР.

Се додава дека мнозинството граѓани сакаат да развиваат блиски и пријателски односи со што придонесуваат кон унапредување на соработката и перспективите меѓу двете земји.