Владата планира да го затвори РЕК Битола најдоцна до 2030

од Nikola Popovski
459 прегледи

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска најави дека Владата планира најдоцна до 2030 година да ги затвори термоелектраните на јаглен и да вложи повеќе во обновливите извори на енергија со цел да се подобри квалитетот на воздухот.

-Надлежните се со план да ги затворат РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј најдоцна до 2030 година, со што би го решиле проблемот со загадениот воздух, така што ќе вложуваме во обновливи извори на енергија. Тоа значи дека ги поддржуваме не само нашите инвестиции како ЕСМ во соларни панели во Осломеј и во Битола, изјави денеска Нуредини пред новинарите.

Според министерот, идејата е да вложуваме во соларни панели и ветерни електрани, а за независност во енергетиката важно е да се изгради и хидроелектраната Чебрен.

Слични содржини