Владата планира подземен паркинг спроти „Нова Македонија“ и минибус до жичницата кај „Св. Јован“

од Nikola Popovski
40 прегледи

Владата планира повторно отворање на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези напролет повторно ќе биде отворен. Според директорот на СОЗР, Ивица Томовски како држава сме изгубиле нешто повеќе од 20 милиони денари, поради фактот што комплексот не работи, дел по основ на ненаплатена кирија, дел по основ на обезбедување и осигурување на објектот.

Владата ќе распише оглас за негово изнајмување на приватна фирма.

„Ние направивме проценка на тој имот и нема да го издадеме како јавно приватно партнерство како што било во минатото да ние дел одржуваме, дел одржува економскиот оператор, практично му даваме клуч на економскиот оператор со нашата замисла и тој стопанисува комплетно и целосно со тој објект. Според бирото за проценка почетната сума би била 240 милиони денари каде после тоа зависно од конкуренцијата може да се наддава таа сума“, посочи синоќа Томовски.

Директорот на СОЗР потенцираше дека имаат идеја да се направи подземен паркинг крши Нова Македонија и со тоа да се добие паркинг, зеленило и трансфер со мини бус.

„Она што ние го имаме како идеја и ќе го разговараме со премиерот и соодветните институции кои треба да помогнат во реализација на овој проект е практично кај платото спроти Нова Македонија, паркингот кај Цветен пазар да направиме некакво јавно приватно партнерство или како држава да направиме подземен паркинг и тој моментален паркинг тука да стане зеленило, така добиваме и паркинг и зеленило. Ние како држава да земеме две или едно возило мини бус кој ќе прави трансфер од Нова Македонија до почетокот на жичницата кај „Св. Јован“ и секој оној кој ќе има намера да може да се паркира тука во паркингот кој би чинел 30 денари наместо 100 денари, да се качи на жичница, да се качи горе и на средно Водно да има уште еден мини бус кој би гравитирал средно Водно, Македонско село, Пантелејмон така ќе го заживееме и манастирот и комплексот Македонско село“, објасни Томовски.

Изградбата на „Македонско село“ започна во 2011 година, а беше замислено како туристичка атракција која ги прикажува традициите и занаетите на различните македонски региони. Комплексот вклучува 12 автентични куќи, од кои долните катови се наменети за демонстрација на занаети, додека горните се претворени во хотелски соби. Проектот, финансиран со 5,2 милиони евра за изградба и дополнителни 1,3 милиони за внатрешно уредување, претставува значаен културен ресурс. Сепак, поради неодржување и неправилно управување, овој значаен објект остана нефункционален.

Слични содржини