Владата потврди дека има исчезнат македонски државјанин по трагичниот пожар во Швајцарија

-Последните информации кои што ги добив од надлежните институции е дека има една личност со македонско државјанство, рече портпаролката на Владата, Митева

од Nikola Popovski
40 прегледи Фото: Printscreen/Youtube/ FRANCE 24 English

Портпаролката на Владата, Марија Митева потврди дека има еден македонски државјанин кој што се уште се води како исчезнат, а бил во објектот на трагичниот пожар во барот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана.

-Последните информации кои што ги добив од надлежните институции е дека има една личност со македонско државјанство. Сме во контакт со властите и кантонскатта полиција и ќе ја информираше јавноста штом добиеме повеќе детали. Очекуваме повеќе. Се работи за една личност, кажа Митева на прес-конференција во Владата.

Се уште не е пронајден исчезнатиот млад Македонец Стивен Ивановски, за кого семејството вчера објави дека бил на прослава во Кран Монтана во барот во кој што избувна пожар. Семејството апелираше до сите кои можеби го виделе Стивен или располагаат со каква било информација за неговото движење, како и до оние кои имаат сознанија дали бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јават на следните телефонски броеви: 076 415 0868, 076 385 7165 и 078 229 5745.

Франција, Италија, Австралија пријавија дека меѓу повредените има нивни државјани, додека дел и натаму се водат за исчезнати. Според тамошните медиуми, на 13 возрасни и 8 малолетници кожата им е изгорена над 60 проценти.