Владата потврди: Вработените по Рамковен договор ќе се распоредуваат според закон

319 прегледи

На синоќешната владина седница, меѓу другото беше утврден е предлог-законот за преземање на административни службеници вработени преку Програмата за соодветна и правична застпеност.

Оттаму, вработените по рамковен договор во Министерствтото за политички систем и односи помеѓу заедниците ќе се распоредуваат преку закон.

Овој закон има за цел да се распоредат досега нераспоредените административни од Министерството за политички систем и односи меѓу заедница кое претходно беше Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор.

Она што е познато од досега изнесените податоци е дека остануваат да се распоредат околу 1 300 лица вработени во Министерството за политички систем и односи меѓу заедници. Ваквата информација набргу по преземањето на функцијата, во септември ја сподели првиот човек на ова министерство, Артан Груби.

Слични содржини