Ново задолжување на Владата. Според објавените проспекти на Министерството за финансии, државата денеска од домашните кредитори планира да позајми 42 520 325 евра. Се работи за две аукции на државни записи со рок на доспевање од 364 односно 182 денови. По основ на доспеани обврски, утре Владата на домашните кредитори треба да им врати 41 милион евра.

Тоа значи земање кредите, за враќање на кредит, или влечење на долгот и префрлање на враѓање на парите на некој друг во блиска иднина. Заклучно со третиот квартал од годинава, јавниот долг надмина 3,9 милјарди евра или 43,9 отсто од БДП. Според податоците од Министерството за финансии, во споредба со вториот квартал јавниот долг е зголемен за 18 милиони евра.
Од вкупниот долг, 2 654 000 000 се надворешен и кај него, во споредба со вториот квартал, има зголемување за 36 милиони евра. Намалување на кваратлно ниво е забележано кај внатрешното задолжување, кое на крајот од спетември изнесува 1,2 милјарди евра, при што во споредба со вториот квартал има намалување од 19 милиони евра.
Внатрешниот долг за период од пет годиони е зголемен за 754 милиони евра, а Владата најави дека годинава, но и догодина ќе се потпира на задолжвања од домашниет кредитори. Од вкупниот долг, 67 отсто изнесува долгот кон странство, а останатите 33 отсто се внатрешен долг.
Дел од меѓународните институции предупредија дека и во следниот период јавниот долг ќе расте..Светска банка во последниот извештај нотираше дека од 2008 година досега јавниот долг е двојно зголемен, а растечкиот тренд се очекува да продолжи и во следниот период.
„Се очекува зголемување на долгот во 2015 година. Владата го забрза домашното задолжување за да ја отплати еврообврзницата од 150 милиони евра и да покрие дел од буџетските потреби преку дефицитот за 2016 година. Јавниот долг се очекува да достигне 50 проценти од БДП во 2017 година.“, велат од Светска банка.
Во фискалната стратегија, Владата најави дека годинава ќе спроведува долгорочни задолжувања, но дека сепак македонската економија ќе остане во групата на умерено задолжени. Меѓу најголеми кредитори на Владата пензискиот фондови, банките и осигурителните компании.